Варуфакис: Домино ефект во ЕУ ако Грција ја напушти еврозоната
Објавено во: Балкан, Економија 20 Април, 2015 13:43
Сите во Европската унија кои сакаат Грција да ја напушти еврозоната си играат со оган, изјавил грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис. Ништо нема да ја спаси унијата од домино ефект доколу Грција или било која друга земја ја напушти еврозоната, порачува Варуфакис.
Јанис Варуфакис , во интервју за шпанската телевизија , рекол дека секој кој си огра со идејата на отсекување на делови од еврозоната, надевајќи се дека остатокот ќе преживее, си игра со оган.
Грчкиот шеф на финансиите во тоа интервју, кое е снимено пред десет дена, а емитувано синоќа, предупредил дека се лажат оние кои мислат дека се заштитени од грчките проблеми.
„Некои тврдат дека остатокот од Европа со ограда е одвоен од Грција и дека ЕЦБ има на располагање можности да ја ампутира Грција, ако тоа биде потребно, да ја затвори раната и да и дозволи на еврозоната да продолжи понатаму. Јас се сомневам дека тоа е можно така. Не само поради Грција, туку и поради било кој друг дел од Унијата“, наведува Варуфакис.
Ќе биде невозможно да се игнорира старвот од можниот домино ефект во Европа доколку Атина биде турната до точката кога ќе мора да го разгледува напуштањето на еврозоната, оценува Раша тудеј и додава дека банкрот на Грција би се одражил на целата европска економија, бидејќи Грција и е должна на Европската централна банка и е единствена од 19 земји кои го користат еврото.
„Кога еднаш идејата да монетарната унија не е вечна влезе во умовите на луѓето, почнуваат шпекулациите ...кој е следен? Тоа прашање ја разбива било која монетарна унија и порано или подоцна ќе почнат да растат каматаните стапки, политичките тензии и одливот на капитал“, предупредува Варуфакис.
Францускиот министер за финансии Мишел Спаен во изминатиов викенд рече дека еврозоната може да преживее без Грција,
„Доколку се случи нешто лошо, тоа ќе биде тешко за Грција , за грчкиот народ, а не за другите земји. Ние не сме сите во иста ситуација во која бевме пред четири или пет години“, истакнува Сапен.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




