Варуфакис: Грција повторно е пред банкрот
Објавено во: Балкан 17 Април, 2015 10:55
Грција е повторно под закана од паѓање во банкрот - Атина не може да го потпише постојниот договор за порамнување на нејзиниот долгот , и со тоа нема да ги реши економските проблеми. Тоа го изјавил грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, кој е во Вашингтон и учествува во пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.
Грција доживува акутна потреба од расположливи средства. Нејзините доверители од еврозоната и Фондот ја замрзнаа финансиска помош, додека новата левичарска влада во Атина не прифати пакет реформи.
Тоа предизвикува стравувања дека грчката влада нема да може да ги изврши следните плаќања кон Фондот, кои изнесуваат вкупно околу една милијарда долари во следниот месец, што ќе ја отежни финансиската состојба на самиот Фонд.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ја одби Грција за дополнително време за следната исплата на придонесот на надворешниот долг на земјата.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




