Варуфакис и се закани на еврозоната со референдум и предвремени избори
Објавено во: Балкан 08 Март, 2015 13:44
Во Грција може да биде распишан референдум или да се дојде до предвремени избори, ако партнерите на земјата од еврозоната ги отфрлаат предлозите на владејачката радикална левица за олеснување на долговите на време и раст на економијата.
Тоа го изјави министерот за финансии Јанис Варуфаикис во интервју за неделното издание на италијанскиот весник "Кориере дела сера" (Corriere della Sera).
"Може да има проблеми, но - како што изјавуваше и мојот премиер - не сме залепени за своите позиции. Можеме да се вратиме на избори, да закажеме референдум", рекол министерот. "Ројтерс" сепак потсетува дека меѓу политичарите се шпекулира за референдум дали да продолжи Грција да прифаќа одлуките на институциите на ЕУ.
Високата популарност на владата меѓу Грците (над 40%) покажува дека луѓето разбираат дека "таа се бори против елитите кои тврдеа дека ја спасуваат Грција, а всушност сето тоа паѓа на грбот на сиромашните".
Освен тоа Варуфакис вели во интервјуто дека има "целосна тишина" од партнерите за неговиот предлог за воведување на специјални должнички обврзници, исплатата на кои ќе биде во зависност од резултатите за економски раст на земјата. "Сакам Европа да сфати дека така ќе вратиме повеќе пари, а не помалку."
Во понеделникот тој треба да разговара со 18-те колеги од еврозоната за првите конкретни планови за закони и реформи, со што тие треба да го одобрат доделувањето на следната транша помош за Грција. Тоа беше наведено во писмото од петок до ЕУ, ЕЦБ и ММФ и предвидуваат некои создавање на специјален "фискален совет" за избирање на буџетски приходи, борба против даночните приходи, ревизија на лиценците за онлајн коцкање и игри на среќа.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




