Варуфакис: Ја убивме тројката, драго ми е
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2015 11:21
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис предупредил дека може да се случи и „она најлошото“ ако ЕУ проба да урне агресивна влада како што е владата во Атина.
„Ова што ќе им го кажам на колегите е следното... ако мислите дека имате интерес да урнете прогресивна влада како што е нашата, тогаш може да го очекувате најлошото“, изјавил Варуфакис за новиот број на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.
Оваа е втор број на францунскиот неделник кој ќе излезе по терористичките напади на нивната редакција во почетокот на јануари.
Варуфакис, е остар противник за мерките на штедење, изјавил ако пробаат да ја задушат проевропската и демократска влада како што е грчката, и ако луѓето кои ги избрале се во очај, од тоа единствено ќе имаат корист „фанатиците, расистите, националистите и сите кои живеат во страв и омраза“.
Министерот истакна дека за секој „неодговорен должник постојат неодговорни кредитори“, и дека на Грчките банки пред петнаесет години масовно им нуделе „Предаторски заеми“.
Тој буџетските заштеди барани од страна на ЕУ и на земјите-членки, ги споредил со постапките на средновековните лекари во средниот век кои на болните им испуштале крв по што им било уште полошо.
Варуфакис изразил задоволство што новата грчка влада ја „убила тројката“ - како до пред крајот на минатата недела ги повикала групата на преставници од меѓународни доверители: Европската комисија, Европската централна банка и ММФ. На барање на Атина која тоа го разбира како своја победа, името на групата го измениле како „институција“.
Запрашан во врска со можноста за финансиски привилегирани страни во Грчката православна црква и бродосопствениците дали ќе почнат повеќе да и помагаат на својата земја, Варуфакис изјавил дека црквата има огромно богатство, но не и високи примања кои може да се оданочат, додека бродосопствениците „многу подвижни“ се верува дека сите свои пари ќе ги изнесат од Грција ако треба да бидат оданочени повеќе од што се сега.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




