18 Декември, 2025
0.0488

ВАША МАЛА ФИЛИЈАЛА: Прва мобилна апликација за правни лица од Халк Банк А.Д Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2016 17:25

Добивај вести на Viber

Халкбанк А.Д. Скопје за прв пат на македонскиот пазар воведува мобилна апликација наменета за правни лица, за Андроид и IOS оперативни системи на APP Store и Google Play.

По воведувањето на мобилната апликација за физички лица, Халкбанк направи уште еден чекор во насока на доближување на своите услуги и на своите корпоративни клиенти. Со воведувањето  на ваков тип на апликација се обезбедува и дополнителна предност за зголемување на трансакциите преку дигиталните канали. http://www.halkbank.mk/novosti-ns_article-vasa-mala-filijala-novosti.nspx

Мобилната апликација за електронско банкарство нуди увид во сметки, платежни картички, кредити, курсна листа, извршување на плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 налози од трансакциска сметка, можност за креирање на сопствени шаблони за плаќање, менувачко работење, лоцирање на најблиски банкомати и филијали, промена на лозинка и 24/7 телефонски контакт со банката.

Преземете ја бесплатната мобилна апликација на Халкбанк АД Скопје , брзо и едноставно, на вашиот мобилен телефон или таблет и олеснете го вашето работење со помош на електронското банкарство на Халкбанк АД Скопје секаде и во секое време.

Најавувањето на апликацијата се врши со корисничко име и лозинка кои сами ги креирате преку користење на постоечкиот е-банкинг сервис за правни лица.

Доколку сеуште не сте корисник на електронско банкарство на Халкбанк за правни лица, искористете ја оваа можност да не посетите во вашата најблиска филијала, запознајте се со предностите кои ви ги нудиме и поднесете ја вашата апликација.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?