Васко Ѓурчиновски е назначен за нов началник на Генералштабот на АРМ
Објавено во: Македонија 17 Август, 2018
Со указ на претседателот Ѓорге Иванов, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска е назначен за нов началник на Генералштабот на АРМ.
Назначувањето на Ѓурчиновски беше соопштено во рамките на централната прослава за Денот на АРМ, каде што присуствува државниот и армискиот врв.
Тој доаѓа на местото на досегашниот началник на ГШ, Методија Величковски, кому му завршува тригодишниот мандат.
Новиот началник на Генералштабот на АРМ досега ја извршуваше функцијата постојан воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО во Брисел.
Генералот Ѓурчиновски беше командант на Здружената оперативна команда, највисокото тело во АРМ, а претходно беше и командант на армиските специјалци и аѓутант на претседателот Иванов. По воена обука е специјалец.