Ватикан: Референдумот во Ирска е пораз за човештвото
Објавено во: Свет 27 Мај, 2015 11:59
Резултатите од референдумот во Ирска за поддршка на истополовите бракови не е само „пораз на принципите на христијанството, но и пораз на човештвото“. Оваа е мислењето на државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, соопшти „Financial Times“.
„Длабоко сум разочаран од овој резултат. Црквата треба да вложи максимални напори за ширење на своето учење“, истакнал Паролин.
Архиепископот на Даблин изјавил дека гласањето на референдумот е „потврда за ставовите на младите луѓе“ и црквата мора да најде заеднички јазик со нив.
Римскиот папа Фрањо секогаш бил против истополовите бракови. Но, пред две години изјавил дека општеството треба да манифестира повеќе сочувство за луѓето со нетрадиционална ориентација. „Кој сум јас, да им судам?“, додал тогаш тој.
Референдумот за легализација на истополовите бракови се одржа на 22 мај во Ирска.
„За“ гласаа повеќе од 62% од гласачите, а „против“ - 37,9%. Ирска стана првата европска земја во која истополовите бракови се легални.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




