ВАЖИ ОД УТРЕ ПО 18 ЧАСОТ: Србија воведува нова мерка за сите кои се враќаат од странство
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Септември, 2020
Србија воведува нова мерка за да се спречи ширењето на Ковид -19.
Сите кои се враќаат во државата мора да се пријават во здравствениот систем.
Ова ќе важи од утре, од 18 часот. Сите српски државјани кои ќе се вратат од земји каде што има голем број заболени од коронавирус, мора да се пријават во здравствениот систем.
Оние со симптоми мора веднаш да се јават кај лекар.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека граѓаните кои се враќаат имаат обврска електронски да се пријават во здравствениот систем затоа што не би било добро сите да се упатат во ковид-амбулантите.
Се очекува неделно да влегуваат по 50.000 луѓе и дека ниту една инспекција или контрола на мерката за самоизолација не би можела да го издржи тоа.
Србија претходно ги повика своите граѓани до петок да се вратат дома.Кај нив наставата почна и веќе има над 50 заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.