ВАЖИ ЗА СЕКОЈА ФИРМА: Mоже да доставуваат фактури електронски
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Март, 2020 19:07
Фирмите може да доставуваат фактури по електронски пат.
Ова денеска го соопшти Министерството за финансии.
Владата донесе уредба со која, со цел превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ.
Ова ќе важи без разлика дали фактурата е потпишана со дигитален сертификат или не.
Со ова компаниите ќе се ослободат од потребата за печатење и достава на фактури во услови на намалени ресурси и дополнително ќе се стимулира промена на навиките во иднина.
„Опцијата за печатена фактура за оние граѓани и фирми што го преферираат тоа и понатаму е отворена. Доколку компанијата поседува имејл или контакт-телефон од купувачот, ќе може да почне да му ги испраќа фактурите по електронски пат. Доколку не поседува, ќе продолжи да им ги испраќа во печатена форма по пошта на тие приматели. Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот, ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори, ќе се смета дека се согласил“, информираат од Министерството за финансии.
Фактурата во електронска форма ќе мора да ги содржи сите елементи за цели на ДДВ, додаваат оттаму.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





