ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ САКААТ ДА ЗАМИНАТ: Ќе се намали вработеноста во Германија
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2020
Стапката на вработеност во Германија ќе се намали оваа година.
Ова го тврдат аналитичарите и додаваат дека производителите на автомобили и добавувачи на делови се соочуваат со пад на побарувачката во странство и царински спорови.
Производителите, имаат проблеми поради почитување на построгите регулативи по скандалот со издувните гасови и зголемената употреба на електрични возила.
Лани стапката на вработеност се искачи на рекордно високо. Состојбата беше таква поради зголемената имиграција на странски работници. Оваа информација ја соопшти денес Канцеларијата за статистика.
Бројот на вработени пораснал за 402.000.