27 Април, 2024
0.0256

Ве заболе вас за Портата

Објавено во: Економија, Колумни 24 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Малку е смешно, а многу лицемерно што токму шарањето по Триумфалната порта ги разбранува страстите и го разбуди револтот на наводните душегрижници за културно-историското наследство и жестоките противници на модерното „хулиганство“. Тоа што демократските вредности и слободи се ничкосани, и со години се платно за  карикатурална експресија на власта не го распламти нивниот порив за заштита на државноста. Ама портата вреди шест милиони евра, а демократијата и слободата, очигледно ни пет пари. Мене искрено не ме вознемирува тоа што некој решил бесот да го истури токму врз еден од симболите на Скопје 2014 иако јас лично не чувствувам никаква желба да посегнам по Триумфалната порта. Не дека имам некакви сентименталности кон оваа безлична творба, ниту пак кога ќе ја видам доживувам естетска егзалтација. Едноставно не гледам полза во насочувањето на бунтот кон мртвите предмети, што скапо ги чинеа живите граѓани. Рака на срце, ваквиот начин на симболизирање и брендирање на т.н. „Шарена револуција“ ми е крајно симпатичен. Всушност, сето ова може да прерасне во одличен проект за привлекување странски туристи. Замислете, илјадници Германци, Јапонци и Ескими го посетуваат Скопје за да фрлаат со боја по тазе изградените градби, чија белина сјае под сончевите зраци. Едно канче боја – пет евра. Насловна на National Geographic, сторија на CNN, скок на Doing Business. Можностите се бескрајни. За да ви доловам како го доживувам проектот Скопје 2014 ќе ви ја прераскажам приказната што ја раскажал еден колумбиски шизик, кој дошол на свет во иста година со Че Гевара, а за последен пати ги склопи очите во годината кога во Македонија беа одржани последните парламентарни избори. Тој шизик се вика Габриел Гарсија Маркез, а приказната „На полковникот нема кој да му пишува“ и оди вака: Си бил еден полковник, кој на преминот од 19-от во 20-от век се борел во граѓанската војна во Колумбија. „Војната од илјада дена“ се водела помеѓу конзервативците и либералите откако првите биле обвинети дека победиле на наместени избори. Петнаесет години подоцна, остарениот полковник секој петок оди до поштенското бродче и го чека решението за ветената воена пензија кое никако да стигне. Единствена надеж за излез од длабоката сиромаштија, во која живеат тој и неговата жена, е петелот за борби кој го наследиле од нивниот починат син. Сите се согласни дека нема подобар петел во селото, па полковникот одлучува да го чува додека не дојде сезоната на борби. Сепак, времето споро минува, а последните пари брзо се трошат и двајцата старци остануваат без никаква егзистенција. Во тие моменти на очај, кога последната храна ја делат со петелот, жената нервозно го прашува „Што ќе јадеме?“, а полковникот смирено и непоколебливо го изговора последниот збор од книгата: „Гомна“. Нашиот полковник не е воопшто сличен со полковникот на Маркез, освен по една работа. И тој има свој петел - Скопје 2014. Иако од сосема спротивни и многу посебични мотиви од полковникот на Макрез, и нашиот полковник одлучи некој да гладува за да има што да јаде неговиот петел. Стотиците милиони евра истурени на популистичкиот проект можеа да се потрошат на многу поразумен начин. Покрај тоа што незаслужено „лапна“ цело богатство народни пари, сега Скопје 2014 уште понезаслужено се кити со епитетот „симбол и столб на државноста“ од разно разни експерти, аналитичари, борци и политичари. Државноста, драги мои, е многу повеќе од парче мермер и неколку релјефи со историски мотиви. Затоа, да не се лажеме. Ве заболе вас за поратата. Не ви пречи шаренилото по портата, ви пречи шаренилото на револуцијата. А, ако навистина и искрено ве боли срцето за портата, не берете гајле. Ќе ја исчистат за еден ден. Прашањето што треба да ве мачи е колку години ќе мора да јадеме гомна. Мирко Трајановски (авторот е новинар)

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот