ВЕЧНО ПЕСИМИСТИЧКИОТ ДИРЕКТОР НА СЗО: Само вакцината нема да биде доволна да се победи коронавирусот
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2020
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди денес дека само вакцината нема да биде доволна за да се победи пандемијата на коронавирус.
„Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме и нема да ги замени“, рече Гебрејесус на состанокот на извршниот совет на СЗО.
„Првично, количините ќе бидат ограничени и затоа медицинскиот персонал, старите лица и ризичните лица ќе имаат приоритет и се надеваме дека ова ќе го намали бројот на смртни случаи и ќе им овозможи на здравствените системи да издржат“, рече Гебрејесус, предупредувајќи дека „сè уште ќе има многу простор за акција на вирус“.
Затоа, тој повика да не се брза со предвремено укинување на мерките за контрола на ширењето на коронавирусот, како што се тестирање, карантин и следење на контактите.
Новиот бран пандемии ги принуди земјите да преземат дополнителни ограничувања за да го спречат ширењето на вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.