15 Декември, 2025
0.1042

ВЕЌЕ ПЕТ ГОДИНИ ГО БАРА ИСЧЕЗНАТИОТ ТАТКО - Душан Илиевски боледува од склероза, а многумина тврдат дека го виделе низ Скопје

Објавено во: Македонија 12 Август, 2020 13:56

Добивај вести на Viber

Преку фејсбук и групите на оваа социјална мрежа се бара човек кој е исчезнат дури пред пет години. 

Дали некој го видел овој човек? Се вика Душан Илиевски (Сандокан) и веќе пет години е исчезнат... Човекот боледува од склероза. Семејството упатува апел, ако некој го види веднаш да се јави на 071 331 574 Јовица Илиевски.

Ве молам, споделувајте за поскоро да се врати кај своето семејство.
Бог да ве благослови!!!“, напишал Оливер Петровски, споделувајќи го тоа во групата Хуманитарна организација Свети Спас.

А во коментарите на постот стои дека пет години е предолг период за да се побара несреќниот исчезнат човек.

Фактор се јави на телефонскиот број на Јовица Илиевски, кој му е син на исчезнатиот Душан.

Тој во својата емотивна приказна за Фактор вели дека неговиот татко боледувал од склероза и исчезнал пред пет години.

Семејството за помош се обратило во Министерството за внатрешни работи, од каде им ветиле дека ќе спроведат потрага по исчезнатиот човек. 

Го прашавме Јовица Илиевски зошто сега, по пет години, повторно се актуелизира потрагата по неговиот исчезнат татко.

Тој вели дека од неколку роднини и пријатели има информации дека човекот е виден во Драчево. Тој всушност, сега живее како бездомник.

„Мојот татко два-три пати е виден од Драчево, луѓе што го виделе тврдат дека е тој, односно дека видениот човек одговара на неговиот опис“, вели Илиевски за Фактор.

Според Илиевски, неговиот татко Душан бил виден пред четири месеци на автобуската станица кај Зелено пазарче.

А пред две и пол години Душан Илиевски бил регистриран и Домот за бездомни лица во Момин поток.

„Таму му дале храна, но потоа си заминал“, објаснува Илиевски.

Тој апелира до сите добри луѓе ако го видат неговиот татко или ако имаат било каква информација за него, да му се јават на телефонскиот број. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“