19 Декември, 2025
0.0632

ВЕЛЕШАНЕЦ НА ДВА ПАТИ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ ГАЗДАТА И ВРАБОТЕНИТЕ ВО МЕСАРНИЦА - ќе оди во притвор

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2022 15:02

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Велес повело постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

„На 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие.

Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува.

Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложи на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот