Велешанец осуден за полово вознемирување е првиот Македонец со електронска алка во куќен притвор
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2025 21:45
Седумдесет и деветгодишен велешенец е првиот осуден во државата на куќен затвор, поради што и наскоро ќе биде првиот кој со електронска алка на ногата ќе ја издржува 3 месечната казна во својот дом. Информацијата за ,,Фокус” ја потврдуваат од Управата за извршување на санкции, откако прашавме дали почна употребата на електронски алки.
Управата за санкции претходно формираше одделение за електронски надзор. Ако осуденикот се одалечи од периметарот или ако го помести рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка.
-Првата пресуда со која е изречен куќен затвор е донесена од страна на велешкиот суд. Истата се однесува за 79 годишно осудено лице на кое му е изречен куќен затвор во траење од 3 месеци. Лицето бараше судот да го одложи извршувањето, но истото е одбиено, што значи дека пресудата набрзо ќе почне да се извршува, односно по подготовка на индивидуална програма од страна на пробациски службеник ќе биде поставена опремата за електронски надзор на осуденото лице, ни одговорија од Управата за извршување на санкции.
Велешанецот е осуден откако бил кривично гонет за полово вознемирување.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




