14 Мај, 2024
0.1677

ВЕЛЕШАНИ ПАК ВО АКЦИЈА: Како известуваа за инаугурацијата на Трамп преку фејк порталите?

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

„Доналд Трамп покажа дека никој не може да го уценува“

„Викиликс понуди голема награда за информации поврзани со Обама“

„Мишел Обама покажа лоши манири после првиот говор на Трамп по инаугурацијата“

Ова се само дел од насловите во неколку од интернет порталите, сопственост на велешани, кои за време на кампањата за претседателските избори во Америка објавуваа лажни вести во корист на Доналд Трамп. Но, тие не застанаа кога САД го доби наследникот на Барак Обама. Туку и натаму објавуваат вести со кои го издигнуваат Трамп, а ги оцрнуваат Обама и Хилари Клинтон.

Па, така и вчера за време на инаугирацијата тие беа преплавени со вести за новиот и стариот претседател на САД, Трамп и Обама, за нивните сопруги, за лутата ривалка Хилари. Сето тоа беше проследено со бомбастични наслови и текстови, зајадливи коментари, како и со сосема измислени информации.

„Некои луѓе не можат да разберат дека парите не можат да купат се. Но, нашиот нов претседател Доналд Трамп ќе им го покаже тоа. Оваа земја го избра Трамп затоа што и треба човек во Белата Куќа, човек кој од никого не се плаши да зборува или делува“, пишува во дел од текстот објавен на сајтот http://donaldtrumpnews.co.

Хилари Клинтон која беше торпедирана со лажни вести од Велес за време на кампањата, ни вчера не беше оставена на мира. И покрај тоа што е губитник на изборите и иако собра храброст и достоинство и се појави на инаугурацијата, таа и вчера беше топ вест за велешани, бидејќи секоја информација за неа добро им се продава на приврзаниците на Трамп.


„Многумина мислеа дека Хилари ќе заборави за момент дека Трамп денеска ќе положи свечена заклетва, и ќе го прескокне тој историски настан. Сепак, „движечката катастрофа“ успеа да се појави на инаугурацијата, и да ја изрази својата поддршка. Навистина? Од кога Хилари Клинтон ги поддржува Трамп и Америка? Таа никогаш не се грижи за оваа земја. Да, Хилари се појави на назначувањето на 45-тиот американски претседател. Таа стоеше блиску до него, доволно блиску да ја чувствува неговата победа. БОЛИ, Хилари?“, напишал некој од нашите велешани во текстот објавен во http://worldpoliticus.com.

Не беше поштедена ни поранешната прва дама, Мишел Обама. Ваков текст не се појави во ниту еден од медиумите во Америка, со кои Трамп влезе во отворена војна, но затоа ние од Македонија сметаме дека Мишел Обама требаше на клоци да лета од Белата Куќа.

„Мишел Обама практично треба да биде исфрлена од Белата Куќа, затоа што таа не сака да и ја отстапи својата позиција на Меланија Трамп“, пишува во http://www.usanewsflash.com/ над видеото во кое Трампови пристигнуваат во Белата Куќа, а Меланија и дава подарок на Мишел. Тоа видео вчера го обиколи светот и имаше многу коментари за фацата на Мишел Обама додека го прима подарокот од нејзината наследничка Меланија Трамп.

Велешани беа топ тема во светот за време на кампањата за претседател на Америка, бидејќи поседуваа стотици интернет портали на кои пласираа лажни вести во корист на Трамп. Новинари од најпознатите и највлијателните медиуми во светот по изборите дојдоа во Велес, за да ги пронајдат сопствениците на порталите, за кои се верува дека влијаеле на изборниот резултат и му донеле гласови на Трамп.

Најголем дел од нив се млади, па има дури и малолетници, а некои од нив дневно заработуваа и по неколку илјади евра. Но, она што остана нејасно и до ден денес е тоа дали навистина младите луѓе од Велес самите дошле на идеја да продуцираат лажни вести и да прават пари или зад нив стои некоја голема машинерија. 


Можеби ќе ве интересира

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков