Величковиќ не е уапсен - тврди ова е заплашување
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 22:03
Началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ вечерва е пуштен откако полицијата, по наредба на Основно јавно обвинителство, извршила претрес во неговиот дом.
Величковиќ изјави дека полицијата влегла во неговиот дом во 16.40 часот, извршила претрес и барала документи од изборите. Тврди дека не направиле грешка затоа што изборите беа спроведени фер и демократски.
„Ова е монтиран процес од Митко Чавков и инспектори што се заштитени како бели мечки. Сакаат да ме заплашат за победата во Куманово. Сакаат да ме затворат и да ме заплашат. Изборите во Куманово беа спроведени регуларно. Инспекторот беше коректен, ми соопшти дека се работи за некоја наредба, бараа некои списи кај мене. Ми го гледаа тефтерот, бараа некои документи. Наредбата е од Основно јавно обвинителство од Скопје“– вели Величковиќ.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, вели дека ова е веќе видена работа. Смета дека ова се случува поради неуспех на изборите на одредени политички субјекти.
„Упаднаа во куќата на началник, а зошто, не знае ни тој самиот. Сметам дека ова што го прават е крајно дрско, особено во оваа драматична ситуација за Македонија зошто уште се пребројуваат гласовите– рече Дамјановски.
Дамјановски апелираше да се сочува мирот. Граѓаните се собраа пред домот на Величковиќ за да му дадат поддршка.
Ова се случува на два дена по изборите.
Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање во МВР.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




