18 Декември, 2025
0.0444

Велика Британија се мисли дали да им се приклучи на САД во воздушните напади против џихадистите

Објавено во: Свет 23 Септември, 2014 11:27

Добивај вести на Viber

Лондон уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе им се приклучи на САД во воздушните напади против радикалната Исламска држава во Ирак и Сирија. Портпарол на британското Министерство за одбрана рекол дека расправата по ова прашање уште трае. Канцеларијата на британскиот премиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека Велика Британија во овој момент не учествува во воздушните напади против позициите на Исламската држава, што ги започнаа САД и неколку арапски земји. САД и сојузниците денеска извршија 50-тина воздушни напади, навлегувајќи и на сириска територија, во провинциите Рака и Деир ал Зор. http://www.youtube.com/watch?v=iNBVRAoroOU Во официјалните информации на американската војска се вели дека во нападот учествуваат „повеќе сојузнички арапски земји“, а притоа биле ликвидирани десетици џихадисти на радикалната организација. Неофицијално, пак, се открива дека меѓу земјите -учеснички се и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Бахреин. Војската на Јордан го потврди своето учество во операцијата. Сириското Министерство за надворешни работи извести дека САД за нападите  на сириска територија претходно го информирале сирискиот амбасадор во Обединетите нации.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел