Вело Марковски го кажа ставот за уставните измени
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2023
Независен кандидат за претседател поддржан од народот е добра можност за обединување и функционирање на државата, изјави професор д-р Вело Марковски.
Тој очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Марковски ќе побара поддршка од 10.000 граѓани, чии потписи, како што информираше денеска на прес-конференција, ќе се собираат во согласност со законските прописи по распишување на изборите.
Иако е член на ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека не разговарал со лидерот на партијата Христијан Мицкоски за неговата кандидатура. Но, според негови сознанија, бил на листите на партиите за мерење на рејтинзи за можни кандидати. „Сметам дека не е во ред да се вадат кандидати за претседател кои народот не успеал да ги запознае. Се случуваше во овие 30 години ВМРО-ДПМНЕ многу често да поддржува независни кандидати или многу често функционери од други партии на многу клучни места“, рече Марковски.
„Не смееме да прифаќаме промени кои ќе навлезат во негирање на постоењето на македонскиот народ и јазик и современа нација“, изјави тој.
Кажа дека треба да почекаме Европа да ги реши прво своите проблеми, па потоа да се размислува како ќе се одвиваат преговорите со ЕУ.
фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.