19 Декември, 2025
0.0579

Велосипедска федерација: Двајцата повредени спортисти од Исланд возеле надвор од протокол

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2025 14:02

Добивај вести на Viber

Велосипедската федерација на Македонија тврди дека двајца велосипедисти од репрезентацијата на Исланд кои се учесници на европската младинска олимпијада биле повредени во сообраќајна несреќа со автомобил од Куманово, затоа што се движеле надвор од протоколот.

Од федератцијата велат дека младите велосипедисти од Исланд, на своја рака и самоволно се упатиле на тренинг. Возеле надвор од утврдените термини и патеки, иако како што велат тоа е спротивно на добиените инструкции. Претходно им биле дадени јасни упатства според кои се предвидува со нив заедно да има и полициска придружба.

Инаку вчера во близина на селото Зубовце, се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри.

Според информациите на Секторот за внатрешни работи Куманово, до несреќата дошло кога патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Н.Б. од Куманово, удрило во двајцата велосипедисти кои се подготвувале за велосипедската трка.

Младинските европски олимписки игри се оджуваат во земјава, во Скопје и Куманово и тие ќе траат до сабота, а учесници се голем број млади спортисти од повеќеевропски земји.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните