Венс: Путин сака територии во Украина што воопшто не ги окупира
Објавено во: Свет 21 Август, 2025 16:04
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека преговорите за завршување на војната на Русија во Украина се фокусирани на безбедносни гаранции за Украина и на територија што Русија сака да ја контролира – вклучувајќи украинска територија што воопшто не ја окупира, додека САД се обидуваат да посредуваат во мировен договор меѓу двете земји, објави Блумберг.
„Навистина има 2 големи прашања кои сè уште висат во воздухот и некако тоа е многу едноставно, а на некој начин многу сложено. Првин, Украина сака да знае дека Русија повторно нема да ја нападне. Сака да знае дека ќе има територијален интегритет и во иднина. Русите сакаат одредени делови од територијата, најголем дел од кои веќе ги окупирале, но некои сè уште не“, изјави Венс во интервју во средата за Лора Инграхам на „Фокс њуз“.
Минатата недела Трамп одржа самит на Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, а во понеделникот имаше разговори во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со европски сојузници.
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се откаже од обидите за организирање билатерална средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во американската администрација.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




