Вера Иванова демантира: Не се точни информациите дека се блокирани сметки на Диамед Македонија
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2018 21:58
Иако досега неколку пати сум
реагирала на слични тврдења, сакам повторно да ги демантирам погрешните
информации кои се пласираат во јавноста, од страна на неидентификуван извор.
Во интерес на правилно информираме на јавноста, би сакала да ги изнесам следните неспорни факти:
Јас, Вера Иванова сум единствена, стопроцентна поранешна сопственичка на Диамед Македонија,компанија која од 01.11.2018 е превеземена од Diaverum Svedska.Ниту едно друго лице, освен мене, во ниту еден момент, немал никаков удел во сопственоста, нуту во основањето на Диамед Македонија. Вистинитоста на ова мое тврдење може да се провери на едноставен начин во Централниот регистер на Република Македонија.
Исто така, не се точни информациите дека се блокирани сметки на Диамед Македонија.
Дополнително, до овој момент, ниту една надлежна институција нема доставено никакво официјално известување до мене дека е извршена блокада на мојата лична банкарска сметка.
Сапак, она што зачудува во случајов е дека без никаков официјален документ од надлежен државен орган, во текот на денешниот ден, добив информација дека издаден е некаков усен налог за замрзнување на средства кои се наоѓаат на моја приватна сметка во една домашна деловна банка. За ваквиот чин јас веќе преземам соодветна правна постапка со која барам официјално објаснување од надлежените органи и заштита на моите права.
Со почит,
Вера Иванова - поранешен сопственик на „Диамед Македонија“
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




