Веро Центар и оваа година дел од Баскерфест
Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2014 17:13
Од 6 до 15 јуни Веро центарот ќе биде дел од најголемиот и единствен интернационалн фестивал на улични артисти во Македонија Баскерфест.
Оваа година официјалното отворање ќе се случи во рамките на Веро Центарот на 6 јуни, петок со почеток во 19 часот, со настап на групта Barbarossa Samba Group кои доаѓаат од Романија.
Секој ден од 17 до 22 часот во времетрањето на Баскерфест, на градскиот плоштад во Скопје, Веро Центар ќе организира забавни и наградни игри. Добитниците ќе можат во Веро Центарот со сметка над 300 денари да си го подигнат својот подарок. Наградите ќе се подигнуваат од 6 до 20 јуни 2014 година.
„И оваа година Веро Центарот ќе биде дел од најголемиот мултикултурен уличен фестивал кој ја збогатува културната и забавната содржина на Скопје. Оваа година покрај настаните и изведбите на уличните артисти кои се предвидени во рамките на Веро Центарот ја имаме честа церемонијалното отворање да се случи токму кај нас што верувам ќе претставува огромна радост за сите посетители. Ви ветуваме одлична забава која овој пат се однесува на сите возрати“, изјави Влатко Величков, маркетинг директор во Веро.
Веро Центарот веќе 4-та година по ред е пријател и поддржувач на оваа манифестација која прерасна во долгогодишна традиција и е интересена не само за граѓаните од Скопје и Македонија, туку и за граѓаните од соседните земји.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




