Интервју со Душко Весковски, директор на ЈП Водовод и Канализација
Весковски: „Водовод и канализација“ инвестира во мрежата и во здрава околина, а не троши пари за реклами и репрезентација
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2018
Скопјани ја пијат најчистата вода во Европа веднаш по Виена, а и покрај предизвиците и проблемите во изминатата година ЈП Водовод и канализација успеа финансиски да се консолидира, да функционира неперечно, да исплатува редовно плати и да ги сервисира обврските, вели директорот Душко Весковски, кој е на оваа позиција една година. Вели дека се обидува јавното претпријатие да биде сервис на граѓаните и да реагира на сите нивни повици во најкус можен рок. Им порачува на граѓаните ако имаат каков било проблем со водата за пиење да ги алармираат дежурните служби.
Весковски: Според нашите последни анализи, скопјани моментно ја пијат најчистата вода во Европа, веднаш по Виена. Примероци за анализа на водата за пиење се земаат секој ден од вкупно 36 мерни точки што го прават овој податок и информација веродостојни. Во трите лаборатории со кои располага Центарот за санитарна контрола, за питки и за отпадни води, како и за микробиолошки испитувања, се спроведуваат и периодични анализи на 21 мерно место во околината на Скопје, селата, изворите Лепенец и Нерези, а се следи и емисијата на комуналните и индустриските отпадни води. Тука би сакал да напоменам дека лабораториите на Центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација - Скопје пред десетина дена први во државата го акредитираа своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Градот Скопје се снабдува со вода за пиење од изворот Рашче кој е хидрографски феномен со беспрекорно чиста вода, бистра со стабилен хемиски и бактериолошки режим. Ако кој било граѓанин смета дека има проблем со водата за пиење, во секој момент може да ги алармира дежурните служби, кои веднаш излегуваат на терен и земаат мостра за анализа на евентуалната загаденост.
Годината е пред крај, какви се показателите од работењето, кои беа клучните предизвици? Весковски: Во текот на нашето работење се соочуваме со различен тип на проблеми и предизвици. Имајки во предвид дека покрај големиот број на вработени во нашето претпијатиеза кои треба да се обезбедат средства за плати, но и средства за тековни активности и инвестиции ние сме должни да обезбедиме финансиски средства за уште две јавни претпријатија а тоа се ЈП Паркови и зеленило - Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје. Тоа што успеавме да го стабилизираме финансиското работење на претпријатието и да овозможиме непречено функционирање за нас е еден од поголемите успеси во изминатава година. Исто така затекнавме многу непродуктивни трошоци и големи долгови кои биле направени од претходното раководство. Како пример би го истакнал долгот кон добавувачи во висина од 360 милиони денари кој во рок од една година го намаливме за околу 40 проценти. Успеавме да ја намалиме каматната стапка за кредит за изградба на деловната зграда од 6 отсто на 3,85 проценти, значително се намалени трошоците за рекламирање, телефонски услуги, интернет, осигурување, репрезентација, печатење сметки, канцелариски материјали така што со домаќинско и разумно работење успеавме да ги надминеме овие проблеми.
Вие на позицијата сте една година. Што сработевте, кои се клучните активности?
Весковски: Во изминатава година изградивме и реконструиравме водоводна мрежа во должина од речиси 12 километри, исто така изградивме и реконструиравме фекална и атмосферска канализациона мрежа од 18 километри но како една од поважните активности во изминатиов период би ја издвоил реконструкцијата односно замената на водоводната цевка ф700 со нова Ф800 кај новиот кружниот тек меѓу улицата Христо Татарчев и булеварот Србија, поставивме нова атмосферска канализацијаво должина од 410 метри долж булеварот 8 Септември, ја поставивме првата автоматска решетка за отпад која директно ќе влијае во намалувањето на загадувањето на реката Вардар и секако новата линија за водоснабдување со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должиина од 450 метри Таа ќе го намали бројот на дефекти и ќе го реши проблемот со високата зона во Аеродром. Исто така во текот на оваа година остваривме голем број на средби од кои би ги издвоил средбите со претставници на компанијата WaterEnergy со седиште во Амстердам, Холандија со кои разговаравме за заштита на водата од загадување, третирање на отпадните води и пречистителни станици, средбата со директорот за меѓународна соработка и развој на градскиот водовод на Будимпешта TamasBencze со кого договоривме интензивна понатамошна соработка на различни новоа помеѓу двата субјекти, во насока на подобрување на целокупниот водоводен систем . И секако како последно и најпозитивно би го одвоил ангажирањето на израелската компанијата „Јутилис“ (Utilis) за сателитско снимање и мапирање на сите дефекти во главниот град со чија помош откривме и саниравме многу дефекти кои не беа видливи со голо око.
Тие промени на цевките, како тоа влијае на граѓаните?
Весковски: Замената на старата челична цевка која е поставена 1980 година со полиетиленска цевка ќе го подобри квалитетот и притисокот на водата на нашите корисници во Аеродром и Ново Лисиче во висока зонакако и во дел од Кисела Вода. Интервенција од волку голем обем не е секојдневна практика и токму затоа сме посебно задоволни и горди што успешно ја сработивме оваа промена која во иднина ќе ги даде очекуваните резултати.
А сталитското снимање и мапирањето на дефектите? Тоа е значајно за да се намалат загубите на вода?
Весковски: ЈП Вододвод и Канализација – Скопје склучи договор со израелската компанија „Јутилис“ (Utilis) за сателитско снимање и мапирање на дефектите во главниот град кои не се видливи со голо око. Ова го направивме со единствена цел да ги намалиме техничките загуби на вода за пиење. При првото сателитско снимање се откриени 237 локации каде се појавува загуба на вода во водоводниот систем која ние како претпријатије досега немавме можност да ја забележиме. Досега се мапирани повеќе зони и локации каде се откриени загубите на вода и истите тековно се санираат од нашите екипи. Ова е единствениот начин за откиравње на овие дефекти и ваков тип на сателитско снимање за загуби на вода за првпат се спроведува во Република Македонија.
Скопјани сепак имаат поплаки за водоснабдувањето. На што најесто се жалат и како вие реагирате на пријавите за дефекти?
Весковски: ЈП Водовод и канализација – Скопје работи исклучиво во интерес на граѓаните, така што од особена важност се нивните критики без разлика на тоа дали се позитивни или негативни. Апелираме поплаките и критиките навремено да ги добиваме како би можеле навремено да реагираме се со цел наше подобрување при спроведување на секојдневните активности. Во моментот имаме 20 пунктови на територијата на градот Скопје, кои имаат за цел доволно брзо и навремено да реагираат, односно да ги санираат дефектите кои се појавуваат. Исто така би сакале да потенцираме дека во рамки на нашето претпријатие функционира дежурна служба кој работи 24 часа, 7 дена во неделата каде грѓаните на телефонскиот број 30 73 010 можат да пријават дефекти или проблеми во водоснабдувањето.
Промовиравте услуга за електронско плаќање? Што нуди?
Весковски: ПЛАТИ БРЗО е новата web услуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга им овозможуваме на граѓаните онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот - Мој Водовод. Со користењето на оваа услуга тие заштедуваат време и ќе можат да ги платат своите сметки во било кој период од денот и од било која локација каде што има достапност на интернет.
Често организирате настани од едукативен караткер. Која е целта на овие настани?
Ние мислиме дека од огромна важност е најмладите односно децата, да се едуцираат за значењето на животната средина, а особено за значењето на водата. Со одбележување на “ДЕНОТ НА ВОДАТА” преку едукативни работилници во основните училишта на територија на градот Скопје се обидовме да им ја пренесеме пораката за тоа што значи водата за сите нас. Во таа насока досега неколку пати организиравме посетите на нашата лабораторија од неколку учишта и градинки каде дечињата одблиску имаа прилика да видат како се вршат испитувањата, анализите на водата која се испитува секојдневно, односно да се запознаат со целиот процес на тоа како водата стигнува до нивните домови.
Кои се приоритети на ЈП Водовод и канализација – Скопје во новата 2019 година?
Весковски: Еден од главните приоритети кон кои се стремевме до сега, а ќе се стремиме уште повеќе во новата година е во насока на заштитата на животната средина. Нашето претпријатие се залага и превзема активности со цел да создадеме место за подобар квалитет на живот за нас и за идните генерации. За 2019 година според нашата инвестициона програма, приоритети ни се реконструкција и замена на дел од водоводни цевки. Осовременување на постоечката водоводна диструбитивна мрежа на потесната територија на градот Скопје. Во 2019 година ќе се продолжи со динамиката на замена на дел од цевките со поголеми профили со употреба на квалитетни материјали, кои се отпорни на агресивноста на мрежата и влијанијата на динамичките удари со што ќе се намалат повредите на мрежата, а воедно и загубите на вода. Потоа, реконструкција и санација на шахти од водоводниот систем и антикорозивна заштита на цевки, затворачи и фасонски делови, реконструкција и изградба на канализациона и водоводна инфраструктура. Со овие инвестициони вложувања ќе се продолжи векот на траење на цевководите и ќе се овозможи непречено функционирање на опремата, која е вградена за регулирање на хидрауличкиот режим на работа на цевководите. Друг проект кој е од големо значењe е системот за далечинско отчитување. Овој систем ќе овозможи редовно читање на водомерите без нарушување на приватноста на граѓаните. Истиот ќе сигнализира за дефектите во водоводната мрежа и неовластеното манипулирање со водомерите.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.