19 Декември, 2025
0.0568

ВЕТУВАЊАТА НА ПЕЦАКОВ ОСТАНАА ПРАЗНИ ЗБОРОВИ: Шајн обвинува за урбанистички хаос во Охрид

Објавено во: Македонија 23 Август, 2025 13:28

Добивај вести на Viber

Во Охрид, четири години поминаа како да не постоеле локална власт. Нема ниту еден нов крупен проект, нема урбанистички ред, нема туристички развој, рече на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Асен Шајн.

„Градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ пред четири години им ветија на охриѓани низа проекти кои денес се само празни зборови на хартија. Останаа само разочарувањата. Времето покажа дека ниту еден од тие проекти не е реализиран, а граѓаните повторно се изневерени од ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков.
1. Плоштад „Крушевска Република“ – Ветена реконструкција, резултат нула. Просторот е во катастрофална состојба и далеку од уреден. Може да се види само бетон и хаотично поставени плочи.
2. Катни гаражи – Најавени на неколку локации – кај „Ривиера“, кај СВР Охрид, кај „Градски пазар“. Реализација: нула. Сообраќајниот хаос во Охрид е сè поголем, а решенија нема. Сега пред избори граѓаните добиваат ново ветување дека ќе добијат катна гаража, меѓутоа после 4 години локалната власт нема образ за нови ветувања.
3. Пречистителна станица во Трпејца. Големо ветување кое требаше да го заштити езерото и да им обезбеди подобри услови на жителите. После 4 години, се’ уште не е ниту заполната реализацијата, за шро сведочат самите жители.
4. Велосипедска патека Св. Стефан. Проект кој требаше да донесе развој на туризмот и безбедност на велосипедистите. Четири години подоцна – ниту започнат, ниту некогаш повторно спомнат .
5. Во областа на туризмот од програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите имаше големи ветувања, меѓу кои: -Формирање стратешки сојузи и партнерства со туристичките претставници и поврзување со туристички дестинации во Албанија. – Еко туризам – мапирање и прогласување на заштитени зони (Галичица, Косел, Студенчишкo Блато). -Изградба и адаптација на капацитети и плажи за лица со посебни потреби. – Изградба на pet friendly плажи. – Развој и промоција на алпинизмот. Резултат: НИШТО. Ниту еден од овие ветени проекти не е започнат, а уште помалку реализиран“, рече Шајн.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ обвини дека наместо развој, единствено што имало во Охрид било реконструкција на улица „Македонски Просветители“ – проект кој според него бил 80% завршен од претходната власт и воедно најголемиот успех на оваа локална самоуправа.

„Наместо развој охриѓани живеат во тотален урбанистички хаос досега невиден, дишат најзагаден воздух до сега. Охрид бисерот на Балканов во моментов е еден од најзагадените градови и мета на секаков потсмев кај туристите. Ова мора да се промени. Охрид е град со душа, кој бара и заслужува сериозна, одговорна и способна локана власт. Охриѓани гледаат и охриѓани ќе пресечат. Време е за промени во Охрид, за нова енергија, за проекти. Затоа што Охрид не смее да изгуби уште 4 години“, посочи Шајн.

ОВА Е САМО ПОЧЕТОК, ЌЕ ИМАМЕ УШТЕ ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ: Пецаков вели дека осум од десетте капитални проекти се реализирани или се реализираат

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот