„ВИ НЕДОСТИГА МАЛКУ ВНИМАНИЕ, А, ВИЕ БИ ДА СЕ СЛИКАТЕ“ - Софија Куновска со жестоки критики до сегашни и поранешни функционери од СДСМ
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2023
Актерката и поранешна функционерка од редовите на СДСМ, се огласи со жестока критика до актуелната владејачка гарнитура, поточно и до сегашни, и до поранешни функционери на социјалдемократите, што следуваше откако поранешниот премиер Зоран Заев и екс министерот за здравство, Венко Филипче, вчера беа на гости кај нивниот сопартиец, Љупчо Николовски, во Крива Паланка.
„Ви фали малку внимание, а? Вие би да се сликате, а? Јадници. Незаситници. Еве да ви пишам „малку внимание“. Не разбираат дека се симбол на сите погрешни вредности што ги живееме. Не разбираат дека после нив наново треба да се воспостави вредносен систем кој ќе се потпира на се спротивно од тоа што го симболизираат тие. Лоповлук, неспособност, безчестие и лигавост. Секое утро се будат со мисла што уште е останато да се разори и да се покраде, каде уште да се бутне некој свој од кој ќе се придобие уште некоја полза. И после сите милиони, никому потребни, а толку желни за внимание. Но, драги мои сами треба да се избориме за поинакви времиња, за подобри времиња. На очи ни се распаѓа државата. Злоупотребите собираат прав во обвинителските и судските фиоки. Ако заслужуваме поинакво нешто од овој трулеж и ќе добиеме. Ако не, тоа е. Или ќе се разбудиме или ќе пропаѓаме во оваа жива кал“, напиша Куновска на својот фејсбук профил.