Ви треба превод? За оваа услуга ќе треба да платите повеќе!

Објавено во: Економија 14 Декември, 2022 07:20
Во новата година ќе поскапат и преведувачките услуги. Од Здружението на преведувачи и толкувачи велат дека ќе излезат со препорака за 20 отсто да се зголемат цените и очекуваат сите да се придржуваат кон ова правило.
Додаваат дека ова може да наиде на одреден отпор, но сепак и трудот на преведувачите треба соодветно да се цени и плати затоа што и тие имаат повисоки трошоци за живеење. Во Европа и во Македонија сведоци сме дека има инфлација и тоа бара корекција и на цените на преводите.
„Фирмите, организациите, граѓаните кои ќе имаат потреба од превод на некој документ ќе треба да платат поскапо. Преведувачите иако не користат некои суровини, сепак и тие плаќаат поскапа струја, храна, вода. Инаку, ако предувачот е професионален, ако добро си ја работи својата работа, доставува преводи навреме, ќе има ангажмани“, велат од Здружението на преведувачи и толкувачи.
Ова здружение брои 120 членови, од кои најголем дел преведуваат од англиски, германски, шпански, француски јазик. Сепак, во Македонија бројката на преведувачи е поголема, затоа што многу од нив не се организирани и не се членови на Здружението.
„Веќе има минимално покачување на преводите, но тоа е колку да покриеме основни трошоци, за принтер, хартија, но бидејќи сè околу нас поскапе, добро е да има уште едно покачување. За жал кај нас цените се многу пониски за разлика од странскиот пазар. Ако кај нас преводот за англиски почнува од 5 евра па нагоре, тој треба да биде најмалку 10 до 15 евра, затоа што имаме навистина квалитет, посебно за англиски јазик. Но, кај нас граѓаните и компаниите не се навикнати да платат поскапо за превод, без разлика дали се работи за англиски или за некој од ретките јазици како холандски, дански, шведски, чешки“, вели преведувач.
Додава дека во фелата е потребна поголема унифицираноста на цените по кои ќе работат, иако тоа е тешко да се постигне целосно, но и професијата да биде ценета и да го добие заслуженото место во општеството. Доколку трудот биде соодветно платен, а преведувачот ценет, тогаш тоа ќе биде мотивација и за младите кои штотуку станале или ќе станат преведувачи. Оваа професија бара многу труд, но и совладување на стручна терминологија од многу области, затоа што преведуваат документи во различни бранши. Инаку, Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот која изнесува скоро 20 отсто.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/fabrikasimf
Можеби ќе ве интересира
Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
