17 Декември, 2025
0.0802

ВИ ТВРДАМ ДЕКА СЕКОЈДНЕВНО ГО ЗГОЛЕМУВАМЕ ТЕСТИРАЊЕТО ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО - министерот Сали одговара на забелешките

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2022 20:55

Добивај вести на Viber

Секојдневно ја следиме бројката на лица за тестирање за КОВИД-19 во јавните установи и го зголемување капацитетот за тестирање, односно се адаптираме на два-три дена колку што има потреба од тестирања. Ве уверувам дека процентот на тестирања во приватното и во јавното здравство секојдневно се зголемува во делот на јавното, рече министерот за здравство Беким Сали вечерва во гостување на ТВ Сител.

Тој тврди дека пациентите кои имаат потреба за КОВИД тест во Скопје ако денеска побараат да бидат тестирани ќе направат брз тест истиот ден, а ПЦР следниот ден.

Чекање со денови за тестирање, според него, можеби се случува во помали градови каде што нема ПЦР тестови и тие се приморани да патуваат на друго место.

Сали истакна дека не гледа никава причина за нереализирање на планот за најавените пет ковид амбуланти на територијата на Скопје, за што вели дека се во комуникација со сите лекари.

-Во моментот кога веќе ќе дојдеме до фаза да имаме потреба од активирање на тие ковид амбуланти  како систем сме подготвени за тие пет во првата фаза на ниво на Скопје, се знаат локаците…. Тука ќе имаме брзо тестирање веднаш, без закажување термин, лабораторија и евентуално брз упат веднаш за ренген снимање на бели дробови доколку побарува клиничката слика, рече Сали, наведувајќи и дека две од три здруженија на матичните лекари потврдиле дека ја поддржуваат иницијативата.

Во тек на овој бран во кој навлегуваме, посочи, имањето пет центри каде пациентите  ќе добијат навреме и дијагностика и резултати и третман ќе придонесе за заштита на другото население кое не е инфицирано.

Граѓаните, вели тој, треба да бидат сигурни дека на нашите инфективни одделенија има сосема доволна количина лекови кои се потребни од сите најсовремени терапии што се практикуваат.

Сали информираше дека државата располага со 350 илјади дози вакцини за заштита од Ковид со рок на трање до октомви и го повтори апелот граѓаните да се вакцинираат и да се заштитат предвреме.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели