05 Декември, 2025
0.0378

ВИ ЗАКАЖАЛЕ ОНЛАЈН ИНТЕРВЈУ: Eве совети како да се подготвите и да се претставите во најдобро светло

Објавено во: Економија 11 Септември, 2025 07:44

Добивај вести на Viber

За време на пандемијата на коронавирусот, во земјава почнаа почесто да се организираат онлајн интервјуа за вработување, и денес истите се прават со цел селекција на кандидати. Од агенциите за посредување при вработување, велат дека кандидатите треба соодветно да се подготват за да се претстават себеси во најдобро светло.

На кандидатите им се советува да изберат средина која делува професионално, да има добро осветлување, да се облечат поформално, да ја проверат интернет врската, аголот под кој е наместен лаптопот, да избегнуваат места каде има врева која ќе ги деконцентрира.

„Повеќето компании еден круг од интервјуата прават онлајн. Од практични причини интервјуата ги организираат онлајн, за да се заштеди време и од едната и од другата страна. Ако е далеку локацијата на компанијата, се прави онлајн интервју за кандидатите да не одат таму, да не губат време, да не се мачат околу превозот. За онлајн интервјуто кандидатот треба да биде сериозен,  да ја провери интернет врската, да види дали е сѐ во ред технички, да се подготви за самото интервју, сѐ е тоа важно. Не мора да носат сако, но да бидат соодветно облечeни за интервју. Реално, како кандидатите ќе се претстават на онлајн интервјуто, тоа влијае дали ќе бидат вработени“, вели  Јулијана Миновска, од агенцијата за посредување при вработување Д Хедхантер.

Идеално е просторот зад кандидатот за вработување да биде неутрален. Од друга агенција посочуваат дека е важно, апликантите да бидат реални и искрени во она што го говорат и го напишале во кратката биографија.

„Би ги советувала кандидатите да бидат максимално искрени, затоа што имаме ситуации каде кратката биографија е направена така како што е направена, и кандидатот стои до тоа, но потоа испаѓа спротивното во пракса. Кога нема искреност губат и двете страни, се губи време. Апликантите на онлајн интервјуата го кажуваат тоа што го има во CV-то. Кодексот на облекување треба да е задолжителен. Треба да има свест за тоа, дефинитивно. Но, имаме секакви ситуации, не знам дали свеста е развиена до тој степен во нашата средина“, велат од агенција за посредување при вработување од внатрешноста.

Покрај другото, се советува кандидатите пред себе да имаат лист и пенкало и да запишат битни работи при самото интервју.

Исклучете го телефонот, говорете јасно и со умерено темпо. Бидете спремни и да поставите прашања за компанијата и работниот процес во текот на онлајн интервјуто.

Oнлајн интервјуата се користат во 86 отсто од процесите на вработување ширум светот. Тие им заштедуваат на тимовите за регрутирање во просек 24 отсто од трошоците во споредба со традиционалните интервјуа во живо. Овој тренд е поттикнат од флексибилните опции за работа и растечката работна сила од далечина.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија