18 Декември, 2025
0.0530

(ВИДЕО) Банкнотата од 10 евра добива нов изглед

Објавено во: Свет 22 Септември, 2014 18:40

Добивај вести на Viber

Новата банкнота од 10 евра започнува да се дистрибуира и да влегува во употреба од утре, соопшти Европската централна банка. Новите банкноти од 10 евра, слично како претходно воведените од 5 евра, содржат подобрувања во однос на заштитата од фалсификување. Освен ова, банкнотата има и воден жиг и холограм со портретот на Европа, личност од грчката митологија. Бројот 10 испечатен во смарагдно зелена боја, ќе ја менува бојата во темносина на промена на светлината и движење. Новите банкноти се очекува и да траат подолго, како резултат на дополнителните заштитни облоги на хартијата. Сите евро-банкноти од првата серија се очекува да бидат заменети со нови и позаштитени во следните неколку години, што треба да им ја отежне работата на фалсификаторите. Еве како изгледаат новите 10 евра: http://www.youtube.com/watch?v=foMVpbKMAkA#t=45

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел