(ВИДЕО) БЕШЕ НАЈГОЛЕМ НАРКО БОС, СЕГА СКАПУВА ВО ЗАТВОР: Ел Чапо е во изолација веќе 9 месеци, сега има само една желба!
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2017
Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, од моментот на испорачување на САД ги поминува најтешките моменти на животот, пренесуваат светските агенции.
Неговиот адвокат тврди дека најголемиот нарко бос на 21 век целосно се променил, што можеби не е така чудно со оглед дека девет месеци се наоѓа во целосна изолација во затвор во Њујорк.
На неговата жена и е забранет пристап до затворот, а сестра му добила само еден получасовен или два разговори од 15 минути месечно. Меѓутоа, тие разговори мора да се снимаат, а Гузман пред тоа мора на документ да ги достави сите детали за личноста со која зборува. Со ваков режим воопшто не чуди што таа „великодушна“ понуда Ел Чапо ја одбил.
„Бараме да има право на разговор од час време. Тоа е сосема разбирливо бидејќи е отсечен од светот“, рекол неговиот адвокат кој сега води битка да може да зборува со својот клиент преку плексиглас кој е поставен помеѓу нив. Неговото барање е уште на разгледување.
Ел Чапо, значи е целосно осамен, семејството и пријателите не ги видел со месеци. На крај, целосно разбирливо го запознал-Бог, пишуваат медиумите во светот. Така на американските власти им упатил само едно барање во последните месец дена-сака да зборува со некој религиозен човек од шпанското говорно подрачје.
И покрај се, изгледа дека тоа и ќе му го одобрат властите, веќе е составен попис на личности кои ќе може да дојдат до Ел Чапо , а ноторниот крал на дрогата ќе мора да одбере некој од листата.