(ВИДЕО) Бостон под метар снег: Силната бура однесе два животи, без струја 45 000 луѓе!
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2015 16:15
Снежна бура го погоди Бостон и регионот на Северна Англија, оставајќи околу четири и пол милиони луѓе да се борат со речиси метар снег, а најмалку две лица го изгубиле животот.
Најмногу врнежи се забележани во Луненбург, во државата Масачусетс, каде паднале 91,4 сантиметри снег и во Оберн со 88,9 сантиметри снежна прекривка, соопштила американската Национална метеоролошка служба, пренесе Ројтерес.
Околу 45.000 потрошувачи ширум Нова Англија останале без струја, соопштиле локалните електрокомпании.
Во невремето најмалку две лица го изгубиле животот. во Трамбул во Конектикат 80-годишен човек починал во вторникот додека со лопата го чистел снегот и во округот на Сафлок, во предградието на Њујорк загинал еден тинејџер кога удрил во бандера додека се санкал на гуми.
Гувернерот на Масачусетс Чарли Бејкер рекол дека на некои подрачја од државата паднале и до два метри снег.
Тој апелирал до жителите на Масачусетс доколу е можно да се тргнат што е можно подалеку од патиштата.
Њујорк, Њу Џерси и Конектикат сепак ја избегнаа најлошата бура и покрај страшните прогнози на метеоролозите и претставниците.
Повеќе од 4700 летови во САД се откажани во вторникот, покажуваат податоците на сајтот „Флајтавер“ од кои повеќе од 80 одсто од аеродромот во Њујорк, Филаделфија и Бостон, пренесува агенцијата Ројтерс.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел






