(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2025 21:23
На денешната седница на Општината Чучер Сандево е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба во општината поради пожарите.
Како што изјави градоначалникот Сашко Комненовиќ ситуацијата е загрижувачка и опасна поради пожарот кој избувна помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево, па до селото Кучевиште.
„Пожарот зафати густа нискостеблеста и мешана шума, на многу непристапен терен, а силниот ветер дополнително го отежна неговото гасење. Она што ме загрижува и што сакам да го алармирам е тоа дека забележувам спора реакција од надлежните институции во однос на гаснењето на пожарот. Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна”, рече тој.
Градоначалникот истакна дека не сака да критикува, но истакна дека вчера владата се пофали со новите хермелини за кои како што кажаа се подготвени за гасење на пожарите па праша зошто истите не се ставаат во функција при овој пожар, односно кажа дека видел само еден таков хермелин. Рече дека реакцијата е бавна, а секоја минута во вакви ситуации е важна.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




