(ВИДЕО) ЦРНОГОРЦИТЕ НАПРАВИЈА УРНЕБЕСНА РЕКЛАМА ЗА КОРОНАВИРУС: За два дена ја погледнале 100.000 луѓе
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Август, 2020
Црногорците подготвија урнебесна реклама за коронавирусот и заштита од него.
Таа стана вистински хит на интернет. Досега ја виделе над 100.000 луѓе.
Во видеото се гледа црногорско семејство додека руча на маса пред куќата, а баба со визир плете покрај нив.
Мајката и ќерката му кажуваат на таткото за новото момче на нивната ќерка, а мајката го фали: „Од добра куќа, многу убав човек, правилно ја носи маската, ги мие и ги дезинфицира рацете“.
Потоа, ќерката му покажува на својот татко слика на еден млад човек со маска и тој коментира: „Убав е, но не дозволувај да ти се приближи поблиску од два метри“.
На крајот на рекламата е прикажана романтична вечер во автомобилот, а кога момчето ќе ја тргне маската и ќе се приближи кон девојката, таа го прска со средство за дезинфекција, по што се открива дека зад маската воопшто не е девојка, туку нејзиниот маскиран татко.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.