(ВИДЕО) ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО СОЛЗИ: Извинете за Брисел!
Објавено во: Балкан 23 Март, 2016
Неколку деца бегалци изразија поддршка за жртвите на терористичките напади во Брисел, носејќи пароли „Извинете за Брисел“.
Фотографиите на децата кои во моментов се наоѓаат во Идомени, станаа многу популарни во текот на вчерашниот и денешниот ден.
Тие се фотографирани во текот на протестот во ова грчко место близу до македонската граница, каде во моментов се наоѓаат неколку илјади бегалци.
Бегалците и мигрантите денес повторно протестираа во кампот кај Идомени на границата помеѓу Грција и Македонија и на грчките острови во близина на турските брегови.
Неколку стотина демонстранти се собрале на границата прекинувајќи го ланецот на снабдевање кои се организирани од добротворните организации за шаторската населба барајќи границата повторно да се отвори.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lXAVNxEwx5o[/embed]