(ВИДЕО) Девојката на Борис Немцов го даде првото интервју после убиството!
Објавено во: Свет 03 Март, 2015 17:06
Во интервју за „ТВ Раин“ Ана Дурицкаја истакнала дека уште е во шок и дека многу слабо се сеќава на целиот настан.
-Не сакам да одговарам на прашања што се случило на мостот. Не сакам да разговарам за тоа. Се наоѓам во тешка психичка состојба. Се чуствувам лошо. Никој не видов. Не знам од каде дојде. Ни беше зад грб - раскажува Дурицкаја.
Иако бројни сигурносни камери се наоѓаат во подрачјето на убиството на Борис Немцов само една неуверлива снимка е објавена. Федеративната служба на заштита во понеделникот изјавила дека камерите не го фатиле моментот на убиството, а Ана Дурицакаја, единствениот сведок на убиството, во петокот вечерта со авион е префрлена од Москва во Киев.
Вадим Прохоров, адвокатот на Ана Дурицкаја, истакнал дека неговиот клиент ќе го одбие полиграфот бидејќи нема причини да се сомнева во нејзиното сведочење.
Руските власти наведуваат како фокусот на истрагата е ставен на „украинската врска“.
Се сомневаат дека убиството го нарачала украинската разузнавачка служба или про-киевскиот борач Адам Осмајев, кој во 2012 година е осомничен за планирање на атентат врз Путин.
Портпаролот на Путин изјавил дека убиството на Немцов е „100 посто провокација“ која има за цел да предизвика незадоволство во Руската јавност.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




