29 Септември, 2023
0.0233

(ВИДЕО) ДОБИ АПЛАУЗ: Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница во парламентот

Објавено во: Свет 08 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница во парламентот, поради што доби аплауз.

Станува збор за Џилда Спортиело, која го искористи правото да го дои своето дете за време на седница на парламентот, со што стана првата жена што го направила тоа во Италија. Оваа 36-годишна пратеничка го доеше својот двомесечен син Фредерик. 

„Премногу жени престануваат да дојат рано, не по избор, туку затоа што се принудени да се вратат на работното место“, изјави Спортиело.

Во парламентарните згради во Италија претходно имаше посебна просторија за доење, а по предлог-законот од 2019 година на пратеничките им е дозволено да дојат и во други простории. Собраниската деловничка комисија минатата година даде „зелено светло“ пратениците да влезат во собраниската сала со своите деца и да ги дојат до една година. Пред повеќе од 10 години, турскиот парламент доби соби за доење. 

Австралиската сенаторка Лариса Вотерс стана првата пратеничка, која го доеше своето бебе во австралискиот парламент и тоа се случи во 2017 година. 


Можеби ќе ве интересира

Koja e најбезбедната земја на светот?

Koja e најбезбедната земја на светот?

Koj остава свински глави пред домовите на руските пропагандисти?

Koj остава свински глави пред домовите на руските пропагандисти?

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

На улиците на Британија има нови двосмерни камери за брзина - еве како функционираат

На улиците на Британија има нови двосмерни камери за брзина - еве како функционираат

ЕГЗОДУСОТ ПРОДОЛЖУВА: Нагорно-Карабах ќе престане да постои од јануари 2024 година, изјави претседателот

ЕГЗОДУСОТ ПРОДОЛЖУВА: Нагорно-Карабах ќе престане да постои од јануари 2024 година, изјави претседателот

МАЛОЛЕТЕН УЧЕНИК СО НОЖ ПРОБОДЕ НАСТАВНИК ВО ОКО: Напад во шпанско училиште, детето со два ножа ги избодело сите што минувале

МАЛОЛЕТЕН УЧЕНИК СО НОЖ ПРОБОДЕ НАСТАВНИК ВО ОКО: Напад во шпанско училиште, детето со два ножа ги избодело сите што минувале

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

Гренел до косовска политичарка: Не е добра идеја да ја гризете раката што ве храни со децении

Гренел до косовска политичарка: Не е добра идеја да ја гризете раката што ве храни со децении

Хилари Клинтон до Путин: Проширувањето на НАТО е последица на руската политика

Хилари Клинтон до Путин: Проширувањето на НАТО е последица на руската политика