Во атентат од ловџија, убиен градоначалникот на австриски Кирхберг
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2024
Во денешниот напад во Австрија е убиен градоначалникот на општина Кирхберг, Франц Хофер, поради што полицијата започнала голема операција.Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.
Веднаш по стравичниот напад, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани биле и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигнала и оклопно возило „кобра“.
Напаѓачот,за кој се тврди дека бил ловџија, откако пукал се упатил во непознат правец.Нападот се случил околу 9:15 часот.
Канцеларијата на гувернерот на државата Томас Стелцер потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг об дер Донау.
Заменик-градоначалникот Стефан Рајзингер е во шок, штотуку дознал за овој немил настан. Рајзингер вели дека Хофер бил водач на ловците и можно е да имало спор околу отстрелот. Една од можните причини за спорот е сезонскиот план на ловни активности, пренесува ое24.
Рајзингер истакнува дека неодамна бил направен план за отстрел на дивечот и дека е можно да дошло до расправија меѓу ловочуварите и ловците.
Франц Хофер (64) се пензионираше во мај. Работел како експерт за управување со води во покраината Горна Австрија. Градоначалникот беше член на Народната партија на Австрија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.