(ВИДЕО) СОМНИТЕЛЕН ПОЖАР: Запалена е гласачка кутија во САД
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2024
Запалена е гласачка кутија во САД, а ФБИ го истражува случајот.
Гласачка кутија во сојузната држава Вашингтон пред претседателските и конгресните изборi, изгоре денеска во сомнителен подметнат пожар.
Снимките од локалната телевизиска станица КАТУ покажуваат како избива чад од гласачката кутија во Ванкувер, а може да се видат и повеќе запалени гласачки ливчиња. Кутијата не била испразнета од неделата во 08:00 часот по локално време, па стотици гласачки ливчиња се уништени, а само неколку од нив можеле да се спасат, објави телевизијата, повикувајќи се на локалните власти.
Полицијата во Портланд, Орегон утринава добила пријава за сличен пожар предизвикан од запаливо средство во гласачка кутија. Во четвртокот во Феникс беше уапсен маж откако беше запалено поштенско сандаче и изгорени 20 гласачки ливчиња.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја искористи можноста за предвремено гласање на претседателските избори и гласаше во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер, објавија американските медиуми.
The Clark County Elections ballot drop box at the Fisher's Landing Transit Center was lit on fire this morning. Clark Co. Auditor Greg Kimsey says hundreds of ballots were inside at the time, the last pickup being 11AM Saturday. Full story here https://t.co/sYkz8ydEqH @KATUNews pic.twitter.com/a8vw0QXXoY
— Evan Bell (@evanbellKATU) October 28, 2024
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.