(ВИДЕО) Драма на воена парада во Русија: Вака изгледа кога ќе се преврти руски тенк
Објавено во: Свет 24 Август, 2018
На воена парада во рускиот град Курск се случил инцидент кога еден од тенковите кој парадирал се излизгал од камионот за транспорт и се превртел.
Т-34 се обидел да се искачи на камионот кога паднал.
Инцидентот се случил пред очите на насобраните кои збунето ја набљудувале глетката.
Инаку, воената парада е организирана по повод обележувањето на 75 годишнината од битката кај Курск, кога се поразени нацистичките сили.