(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО КАЈ ЈАСЕН: Огнот е запрен кај објектите
Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 17:28
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека попладнево
огнот се заканил на објектите на ЈП Јасен, но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе
возила кои претходно биле поставени во полукружна одбрана, огнот бил сопрен во близина на
самите објекти. Состојбата ја опиша како драматична.
„Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек“, рече Ангелов.
Се заблагодари припадниците на специјалните единици на армијата и полицијата, волци, ренџери и ЕБР како и до пожарникарите од скопската бригада за противпожарна заштита
и вработените во ЈП Јасен како и Национални Шуми. Благодарност упати и до Илија Бојаровски –
задолжен за односи со јавноста, за кој Ангелов рече дека се наголтал прашина и чад снимајки
пеколни сцени, за пожртвуваната борба против пожарите кои беснееја низ државата.
Пожари има во регионот и во Европа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




