(ВИДЕО) ДРУГИТЕ ЗАМИНАЛЕ, А ТИЕ НЕМАЛЕ КАДЕ ДА ОДАТ: Семејство загина при уривање на зграда во Турција
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2025 21:10
Спасувачките екипи во Турција завршија со потрагата по семејството Билир, кое загина при уривање на станбена зграда. Претходно беа пронајдени телата на две деца – 12-годишниот Емир и неговата сестра Хајрусине (14), додека 18-годишната Дилара е извлечена жива од урнатините.
По 19 часот, спасувачите го извлекле и телото на родителите, Емина и Левент Билир. Причините за уривањето на зградата, што се случило вчера околу 7:30 часот по локално време, сè уште не се познати, соопштија локалните власти.
Екрем Мараз, сопственик на продавница во близина, рече дека Левент бил нивен редовен клиент и дека семејството немало каде да се исели.
„Бидејќи не можеа да се забележат пукнатини во ѕидовите или столбовите, изведувачот и општинските службеници не рекоа ништо за затворање на зградата“, истакна тој.
Другите жители сепак се иселиле, но семејството Билир останало во станот. Во урнатините беа пронајдени фотографии и предмети што му припаѓале на семејството, а една порака на ѕидот, посветена на 14-годишната Хајрусине, особено ги растажи сите: „Среќен роденден, наше средно дете“.Експертите ќе ги утврдат причините за несреќата.
фото принтскрин
A residential building collapsed in #Kocaeli. According to preliminary reports, citizens are trapped under the rubble.#Turkey pic.twitter.com/IgNcoGlOAI
— Karina Karapetyan (@KarinaKarapety8) October 29, 2025
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




