(ВИДЕО) Експрети потврдија: iPhone може да се прислушкува и кога е исклучен
Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2014 19:37
Едвард Сноуден тврди дека Американската Национална агенција за безбедност може да прислушува преку микрофон мобилен телефон дури и кога е исклучен. Ова тврдење беше потврдено од експерти.
Еве како да се заштитите...
Американски и британски шпиони може да го слушаат микрофонот на вашиот iPhone, дури и кога е исклучен.
„Тие можат да го вклучат вашиот телефон, дури и кога е целосно исклучен“, рече Сноуден, а пренесува Mirror.
Сега тим од експерти за безбедност ова тврдење на Сноуден го потврдија дека всушност производот на Apple може да изгледа исклучен, додека тие работат, а вие дури и не знаете.
Ерик Мекдоналд, хардвер инженер од Лос Анџелес, тврди дека и кога телефонот е исклучен, тој и понатаму работи во режим на ниска потрошувачка на енергија која им дава можност на комуникативните чипови да останат активни.
„Оваа позиција на „претварање дека е мртов“ му овозможува на вашиот телефон да продолжи да добива наредби, вклучувајќи го и активирањето на микрофонот“, рече Мекдоналд додавајќи:
„Вашиот екран е црн и се чини дека е исклучен и ништо не се случува. Дури и ако притиснете на некое копче сепак се чини дека е исклучен, но со него всушност се уште може да се управува. Многу е тешко да се знае дали вашиот телефон е загрозен“.
На блогот „Errata Security“ консултантот за безбедност, Роберт Дејвид Грам напиша дека можноста за која зборува Сноуден се нарекува имплант.
„Имплантација е кога NSA го пресретнува вашиот телефон и во него вметнува парче софтвер или хардвер. И дека овој имплант е комплетна контрола на NSA врз вашиот телефон, но на прво место, вметнувањето на имплантот е многу комплицирано“, пишува Грам.
Грам додава дека имплантот може да се вметнува во телефонот преку Интернет или специфични опции на мобилни телефони или преку физички допир доколку телефонот дојде до рацете на оној што сака да го стори тоа.
Агенции, како што се ЦИА, ФБИ, МИ5 и МИ6 имаат технологија со чија помош можат мобилните телефони да ги користат за прислушување и тоа во изминатите 10 години, јавува Mirror.
Техниката позната како „скитнички бубачки“ беше откриена во 2006 година, и им овозможувала на агенти да го активираат микрофонот на мобилните телефони и да ги прислушуваат разговорите кои се одвиваат во близина.
Со цел целосно да го заштитите телефонот, мора да се стави во DFU мод.
За да влезете во DFU мод, морате прво да го уклучите вашиот вашиот телефон во струја или во компјутер, притиснете го копчето за вклучување и по три секунди и „home“ копчето исто така. Држете ги притиснати заедно така 10 секунди.
Потоа отпуштете го копчето за вклучување, додека „home“ копчето продолжете да го држите уште 15 секунди. Така уклучивте DFU мод.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




