19 Мај, 2024
0.0255

(ВИДЕО) Ердоган го отвори најголемиот аеродром во светот

Објавено во: Балкан 29 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемиот аеродром во светот е пуштен во употреба. 

Аеродромот денеска почнува со работа. 

Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган, го отвори новиот аеродром во Истанбул „Istanbul Yeni Havalimani“, кој е најголемиот аеродром во светот.

„Се надевам дека аеродромот ќе му користи на нашиот регион и на целиот свет“, вели Ердоган.

Тој се наоѓа во европскиот дел на Истанбул, а предвидено е да опслужи 90 милиони патници годишно, а 200 милиони кога целосно ќе биде завршен за 10 години.

Се очекува до кајот на годинава околу 250 превозници со околу 2 000 авиони да летаат до повеќе од 350 дестинации.

Ова е трет аеродром во Истанбул. Аеродромот „Ататурк“ кој е еден од најпрометните во Европа на крајот на годината ќе биде затворен за редовни комерцијални летови кои ќе ги преземе новиот аеродром. Првото патување од новиот аеродром ќе биде на 31 октомври кон Анкара, а првиот меѓународен лет ќе биде за Северен Кипар.

Изградбата почна во јуни 2014 година, а сега е завршена првата од четирите фази на изградба.

За изградбата се потрошени 10,5 милијарди евра. Кога целосно ќе биде завршен, ќе се простира на површина од 7 659 хектари што е околу 76 квадратни километри и ќе има шест писти со капацитет за 500 авиони. На новиот аеродром ќе биде изграден и најголемиот светски трговски комплекс без царина. Ќе има и 70 000 паркинг места.

Организацијата „Хјуман рајт воч“ извести дека најмалку 39 работници загинале додека траела изградбата за само три години.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс