(ВИДЕО) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“
Објавено во: Свет 28 Август, 2025 10:11
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера официјално го инаугурираше интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на Турција, познат како „Челична купола“. Во објектите на компанијата Aselsan во Анкара, тој го опиша проектот како „прекретница за земјата и нејзината одбранбена индустрија“.
„Ова е показател на силата на Турција. Во противвоздушната одбрана воведуваме ново доба за нашата татковина“, изјави Ердоган.
Додаде дека најновата фаза на проектот вклучува 47 возила во вредност од речиси 400 милиони евра.
„Овие системи ќе внесат доверба кај нашите пријатели, а страв кај непријателите,“ додаде тој.
Турција и претходно настојуваше да ја засили својата воздушна одбрана, набавувајќи руски системи С-400 во 2019 година. Но, тој потег предизвика остра реакција од САД, кои ја суспендираа продажбата на авионите Ф-35 на Анкара, што значително ги наруши одбранбените планови на земјата.Aselsan has done it again!
— International Defence Analysis (@Defence_IDA) August 27, 2025
Turkiye’s Steel Dome is getting stronger with new deliveries:
SIPER
HISAR
KORKUT
PUHU
ALP#Aselsan #TurkishDefense #SteelDome pic.twitter.com/qHHExj57v0
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




