(ВИДЕО) Еве како пожарникарите спасуваа луѓе на надвозникот во Италија
Објавено во: Свет 15 Август, 2018
Противпожарната служба на Твитер објави драматично видео од спасувачката акција на надвозникот во близина на Џенова.
На видеото се гледа како пожарникар извлекува човек од возило додека виси на остатоците од надвозникот. Бројот на загинати во вчерашната катастрофална несреќа достигна 41 . Поради силно невреме и попуштена конструкција, надвозникот долг над еден километар попушти и се урна. Во моментот на уривањето на него имало меѓу 30 и 35 автомобили и три камиони.
Возилата паѓале од височина од 50 метри на долното ниво на патот.
Комапнијата Автострада ќе го реконструира надвозникот, а ќе плати и восока казна, соопшти денеска министерот за транспорт, Данило Тонинели.
Од компанијата наведуваат дека пред катастрофата е извршена инспекција на надвозникот, која не покажала проблеми во конструкцијата.
Надвозникот е најбрзата врска преку автопатот А10 меѓу Италија и Франција. Меѓу загинатите има и француски државјани.Watch: Firefighters rescue person from suspended car after Genoa bridge collapse https://t.co/YxiYNYCdwe pic.twitter.com/YhyYJW0UQx
— Newsweek (@Newsweek) August 15, 2018