Видео Фактор24: Епископ Стобиски - Тешко е да се разговара кога ви се закануваат со затвор
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017
Во најновото издание на ТВ магазинот Фактор 24 ќе може да го погледнете интервјуто со отец Давид Нинов, епископот Стобиски, еден од следбениците на Јован Вранишковски за сите контроверзни прашања околу спорната црква ПОА.
Гостуваат и новинарот Зоран Бојаровски кој разговара за расколот во МПЦ-ОА, а контра тези обезбедува новинарот Бранко Ѓорѓевски. Дали Горазд Чомовски по ова интервју може да очекува анатема од архиепископот г.г.Стефан?
Покрај „духовниот“ не мирува ниту политичкиот свет. Мандатот му припадна на Никола Груевски, а албанските партија истапија со заедничка платформа со тешки барања кои може да го закочат формирањето на новата влада.
Во ТВ колумната Факторизација на Христијан Станоевиќ ќе погледнете кратка анализа на големите очекувања токму од сеалбанската платформа и од МЕГА интервјуата со жестока реторика на Груевски.
За положбата на алтернативната црква, како и за политичките жешки теми, повеќе информации ќе дознаете во среда од 22:30 часот, па затоа погледнете ја емисијата Фактор 24 на ТВ 24 Вести.