Видео Фактор24: Флертување со Вашингтон и Брисел шурување со Москва
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017 09:47
Се користат ли политичките случувања во Македонија како арена за пресметка меѓу Западот и Русија. Лидерот и екс премиер Никола Груевски отвори широк фронт против американскиот амбасадор Џес Бејли и уште неколкумина странски дипломати. Европа не е баш најсреќна поради рускиот рулет кој го игра Груевски намигнувајќи кон Москва , а надевајќи се дека ќе ги заплаши Вашингтон и Брисел. Дали и кој во Македонија шири антизападно расположение? Дали Никола Груевски во Русија гледа сојузник?
Ова се само дел од прашањата и дилемите кои ги анализираме во вечерашното издание на Фактор 24, во кое соговорници се универзитетските професори Жидас Даскаловски, Мерсел Биљали, Никола Србов од Здружението „Стоп операција Сорос“, новинарите и одлични познавчи на руската политика Борис Камчев и Мирче Адамчевски .
И по три месеци откако Југохром стави клуч на врата неизвесна е судбината на тетовскиот комбинат. 700 рабoтници во исчекување дали Југохром ќе биде рестартиран или тие ќе одат под Завод?
Во Фактор 24 ќе гледате и интервју со младата, згодна, елегантна, атрактивна манекенка и фотомодел Сандра Цветкова .
Политичко-економскиот мгазин е телевизиски проект на веб порталот Фактор кој се емитува на ТВ24.
Гледајте Фактор 24 секоја среда во 22.30ч а секој ден читајте ги најновите информации, анализи, интервјуа и колумни на веб порталот Фактор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




