(ВИДЕО-ФОТО) Нов земјотрес во Непал од 7,3 степени по Рихтер
Објавено во: Свет 12 Мај, 2015 10:15
Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Непал, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Пред тоа беше соопштено дека земјотресот е со магнитуда 7,1 по Рихтер, но сеизмолошки институт се коригира.
Отчитаната длабочина е 10 километри под земјината површина, а епицентарот е на 81 километар источно од непалската престолнина Катманду.
Потресот бил почувствуван во главните градови на Индија и Бангладеш, наведува „Би-Би-Си“. Според медиумот потресот бил со јачина од 7, 4 степени според Рихтеровата скала.
Овој земјотрес е на истото место како и тој на 25 април од 7,8 степени по Рихтер, кој нанесе исклучителни разурнувања во главниот град на Непал - Катманду, подместувањето на тектонските плочи, предизвика лавини по Еверест и врвот веќе е понизок за неколку сантиметри. Во земјотрес загинаа над 8.000 лица, а над 17 000 се повредени. Непал уште се опоравува од страдањата предизвикани од големиот земјотрес.
Во денешниот земјотрес се уште не е јасно какви се разурнувањата и има ли нови жртви и повредени.
Локалните жители повторно се преплашени, веќе објавуваат коментари дека овој потрес е исклучително силно почувствуван, тие се молат да нема повеќе жртви.
Секундарен земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Непал пред големиот потрес денеска од 7,4 степени според Рихтер.
Потресот е почувствуван во 13,17 часот по локално време, со епицентар на 28 километри југоисточно од Дханкута, Непал, со длабочина од 5 километри.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/yXSabCo6FxA[/embed]Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел






