18 Декември, 2025
0.0376

(ВИДЕО-ФОТО) Официјално: Авионот „Ер Алжир“ паднал, 116 патници и членови на екипажот загинале

Објавено во: Свет 24 Јули, 2014 16:57

Добивај вести на Viber

Ербас A320 на авиокомпанијата „Ер Алжир“ со 110 патници и 6 членови на екипажот, не се изгубил од радарот околу саат време бидејќи полетал од Уагадугуа во Буркини Фасо за Алжир, туку навистина паднал, изјави официјално  алжирско лице.

„Можам да потврдам дека авионот се срушил“ рекол тој за агенцијата Ројтерс. Меѓутоа не сакаше да каже каде авионот со 110 патници и 6 членови на екипажот се срушил и што можело да биде причина за несреќата.

Руска РИА новости се повикува на извештајот на алжирската АТ Ал Нахар и наведува дека авионот паднал во близина на престолнината Нигера Нијамеја и дека „се претпоставува дека сите патници загинале“. Истото го јавуваат и кинески медиуми. Меѓутоа, тоа би значело дека курсот на летот драстично е променет и дека AH5017 веднаш по полетувањето скршнал на исток.

Авионот полетал во 00:45 по локално време, а требало да слета во Алжир во 5:40 часот. Тоа е рута која трае четири часа и иде четири пати неделно. Во моментот на губењето на контактот се наоѓал во воздушен простор над Мали и се приближувал до алжирската граница.

Од екипажот претходно е побарано да се скршне од патеката поради лошите временски услови за да се избегне евентуален судир со друго летало, на летот Алжир-Бамако. Контактот е изгубен кога авионот го променил курсот. Поради тоа веројатно е дека извештаите за  падот се однесуваат на реката Нигер, која тече и низ Мали.

Француското министерство за сообраќај соопштил дека „на летот имало многу патници од Франција“, поради што во Париз е воспоставен кризен штаб, а два француски воени авиони тргнале во потрага. Според извештаите на агенцијата, на летот AH5017 имало најмалку 50 патници од Франција.

Во меѓувреме, два француски борбени авиони кои се стационирани во западна Африка упатени се да го лоцираат авионот „Ер Алжир“, изјавил портпаролот на француската војска Жил Жарон.

„Тие ќе го пребаруваат подрачјето од дестинацијата на која последен пат авионот бил долж рутата на која требало да оди“, изјавил портпаролот на француската војска.

Алжирската национална компанија „Ер Алжир“ соопштила дека е воспоставен итен протокол и дека јавноста ќе биде известена за деталите. Се знае дека е во прашање авионот „Mekdonel Daglas MD-83“ на приватната шпанска компанија „Свифтер“ на чартер линијата Уагадугу (Burkina Faso) -Алжир со кој раководи„Ер Алжир“.

„Свифтер“ е приватна компанија специјализирана за чартер летови.

Ова е трет инцидент со патнички летови во последната недела дена, после соборувањето на летот „Малезија Ерлајнс“ MH17 над Украина и падот на локалниот лет GE222„Трамсазија“ во Тајван.

Во февруари оваа година се случи една од најтешките несреќи во историјата на авијацијата на таа земја, кога воен авион  C-130, во кој имало 78 луѓе, се урна во планина на североисток од земјата. Тогаш загинале повеќе од 70 лица.

Четири можни причини за пад на авионот:

1. Недостаток на гориво: Речиси дека е невозможно дека дошло до толкава грешка на авионот да му снема гориво после 50 минути лет, иако е можно авионот некако да „залутал“ и паднал во последните неколку часа кога однемал гориво.

2. Киднапирање: Летовите на Ер Алжир се киднапирани најмалку шест пати, но овој пат не е причина тоа бидејќи не е оставрен никаков контакт со властите.

3 Соборување на авионот: Малку веројатно, иако во Мали беснеат судири и на сила е предупредување за прелетување, таму нема многу наоружување кое е способно за да го собори овој комерцијален лет.

4 Олуја: Единствени конкретни трагови водат кон оваа теорија, бидејќи е објавено дека пилотот барал промена на курсот поради слаба видливост, олујно невреме и близина на друг комерцијален авион во близина на границата на Мали со Алжир.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“